Република Северна Македонија

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за мерката 3.3 Обуки за побарувани занимања, ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје, на ден 09.07.2021 година распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

до верификувани спроведувачи на обука (пријава)

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на верификувани спроведувачи на обука за образование на возрасни за реализација на мерката 3.3 Обука за побарувани занимања, во рамки на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година. На Јавниот оглас може да се пријават верификувани спроведувачи на обуки кои ќе ги реализираат следниве програми по градови:

  1. Неговател/ка на лица со попреченост – Делчево, Куманово, Штип, Велес, Тетово, Битола
  2. Неговател/ка на деца со посебни потреби – Штип, Кавадарци
  3. Негoвател/ка на деца – Кавадарци, Штип, Струмица, Гевгелија, Струга, Крушево, Битола, Скопје, Ресен
  4. Негувател/ка на стари и немоќни лица – Велес, Кичево, Крива Паланка, Неготино, Струга, Охрид, Берово, Прилеп, Скопје, Тетово, Дебар, Кочани, Битола, Гостивар, Кавадарци, Куманово, Струмица, Штип
  5. Личен асистент на лица со попреченост – Куманово, Скопје, Велес, Тетово
  6. Педагошки помошник за ученици во основно образование – Скопје
  7. Агент за продажба преку телефон – Скопје
  8. Дигитален маркетер – Скопје, Куманово, Битола
  9. Оператор за графички и веб дизајн – Куманово, Битола
  10. Службеник во сметководство / книговодство – Кавадарци, Струмица, Куманово
  11. Монтер и инсталатер на сончеви панели – Скопје, Куманово
  12. Монтер за греење, ладење и климатизација – Скопје
  13. Монтер и сервисер на соларни термални и фотонапонски системи – Штип
  14. Изведувач на системи за обновливи извори на енергија – Скопје
  15. Оператор на ЦНЦ машина – Тетово
  16. Бравар – Куманово, Тетово, Штип
  17. Заварувач – Куманово, Тетово, Штип
  18. Собирач на секундарни суровини – Скопје
  19. Пчелар за основно пчеларство на одржлив начин – Кочани
  20. Оџачар за објекти за домување кои користат цврсто и течно гориво – Струмица
  21. Шивач – Свети Николе, Куманово
  22. Бариста – Тетово
  23. Готвач – Велес
  24. Слаткар – Гостивар
  25. Козметичар – Неготино, Струмица, Тетово, Штип
  26. Маникир – педикир – Струмица, Тетово, Штип
  27. Фризер – Гостивар, Куманово, Скопје, Струмица, Тетово, Штип
  28. Шминкер – Скопје, Струмица, Штип, Тетово

Заинтересираните верификувани спроведувачи треба да ги исполнуваат следните услови:

Заинтересираните верификувани спроведувачи треба да достават потребна документација:

  1. Пријава за учество во мерката – објавена на интернет страната на ЈУ Центар за образование на возрасните (cov.gov.mk)
  2. Документ за регистрирана дејност – образование на возрасни;
  3. Потврда/изјава за располагање со стручен кадар кој ќе ја спроведува програмата;
  4. Решение за верификација на посебна програма за образование на возрасните издадено од страна на ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје;
  5. Решение за верификација на установа/институција за образование на возрасните издадено од страна на Министерство за образование и наука, до започнување на обуката.

Обуките ќе се спроведат доколку има доволен број на пријавени невработени лица, на јавниот оглас кој подоцна ќе биде објавен од страна на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Селектираните спроведувачи на обука ќе добијат надоместок за обука во износ од 24.000 денари по обучено лице. Обуката ќе се реализира во времетраење од 3 месеци.

Потребната документација се доставува најдоцна до 23.07.2021 година до архивата на:

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

ул. Димитрие Чуповски бр. 13

1000 Скопје

Некомплетните, ненавремено доставени документи и пристигнати пријави за занимања кои не се наведени во јавниот оглас нема да бидат земени во постапка за одлучување.

                                                                                     ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

                                                                               Prijava za provajder_merka (1) Преземи