РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ЈУ ЦЕНТАР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИТЕ  

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за мерката 3.3А Пилот обуки за побарувани занимања во струмичкиот регион, ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје, на ден 08.08.2019 година распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

до верификувани спроведувачи на обука

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на верификувани спроведувачи на обука за образование на возрасни за реализација на мерката 3.3А Пилот обуки за побарувани занимања во струмичкиот регион, во рамки на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година. На Јавниот оглас може да се пријават верификувани спроведувачи на обуки кои ќе ги реализираат следните програми:

Заинтересираните верификувани спроведувачи треба да ги исполнуваат следните услови:

Заинтересираните верификувани спроведувачи треба да достават потребна документација:

  1. Пријава за учество во мерката – објавена на интернет страната на ЈУ Центар за образование на возрасните (cov.gov.mk)
  2. Документ за регистрирано дејност – образование на возрасни;
  3. Потврда/изјава за располагање со стручен кадар кој ќе ја спроведува програмата;
  4. Решение за верификација на посебна програма за образование на возрасните издадено од страна на ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје;
  5. Решение за верификација на установа/институција за образование на возрасните издадено од страна на Министерство за образование и наука, до започнување на обуката.

Заинтересираните верификувани спроведувачи кои ќе бидат селектирани за изведување на обука ќе добијат 30.000,00 денари паричен надомест по обучено лице. Средствата потребни за реализирање на мерката Пилот обуки за побарувани занимања во струмичкиот регион е финансирана од Буџетот на Агенција за вработување на Република Северна Македонија.

Потребната документација се доставува најдоцна до 30.08.2019 година до архивата на:

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

ул. Димитрие Чуповски бр. 13

1000 Скопје

Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да бидат земени во постапка за одлучување.

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје                                            

Преземете  Prijava za provajder_merka str