На 05.06.2019 година директорката на Центарот за образование на возрасните г-а Линдита Ќазими потпиша Меморандум за соработка помеѓу Стопанската комора на Македонија, Центарот за образование на возрасните и Швајцарската организација за образование на возрасни. Со потпишувањето на овој меморандум за соработка ќе се овозможи:
– – креирање на парнерство помеѓу потписниците,
– – промовирање на неформалното образование и доживотното учење,
– -воспоставување на соработка на неформалното овразование со приватниот сектор,
– – унапредување на квалитетот на неформалното учење,
– зголемување на вештините и компетенциите на младите и возрасните со цел зголемување на нивната конкурентност на пазарот на труд. Соработката помеѓу иснституциите е овозможена од страна на проектната единица на проектот Образование за вработување во Северна Македонија (Е4Е@мк).