На 31-ви Мај се одржа обука за подигнување на свеста за процесот на валидација на неформалното и информалното учење ВНИУ за релевантните чинители во областа на образование на возрасниво Република Северна Македонија. Целта на оваа обука беше да се зајакне свесноста за улогата и значењето на процесот на валидација на неформалното и информалното учење. Со цел да се опфатат повеќе чинители присуствуваа претставници на релевантните институции од земјата, кои беа запознаети со важноста на процесот и улогите на сите чинители во ВНИУ.
Преку интерактивен пристап, со работа во групи беа опфатени следните теми: Користа и логиката на валидацијата на неформалното и информалното учење, Квалитетот во ВНИУ, Одговорности и имплементација на процесот на ВНИУ, Улоги на чинителите на ВНИУ, како и најновите документи од Европските политики поврзани со областа. Обуката ја спреведе експертката за валидација Анни Картунен од Финска.
Оваа обука е една од активностите на проектот Работен план на националниот координатор за учење на возрасните кој е имплементиран од страна на јавната установа Центар за образование на возрасни и е финансиски подржан од ЕРАЗМУС + програмата на Европска Унија.
Главната цел на проектот е да се поддржи воспоставувањето на националниот систем на валидација на неформалното и информалното учење (ВНИУ), обрнувајќи внимание на фазите на идентификација и документација. За постигнување на целта на проектот беа спроведени различни активности за развивање на стандарди, портфолио за кандидати, како и програма и материјали за учење на обучувачите за советници за ВНИУ