Врз основа на член 41 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 17/11, 51/11, 74/12, 41/14, 144/14, 146/15, 30/16 и 64/18) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува
ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на Национален експерт за валидација на неформално и информално учење
ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на Национален експерт за валидација на неформално и информално учењеза проектот NATIONAL COORDINATOR FOR ADULT LEARNING WORK PLAN: MACEDONIA, (AGREEMENT NUMBER – 2017-2289/001-001, PROJECT NUMBER – 592010-EPP-1-2017-1-MK-EPPKA3-AL-AGENDA) (1 извршител).
Заинтересираниот кандидат треба да ги исполнува следниве услови:
- Завршени магистерски студии во областа на општествените науки, докторски студии ќе се сметаат за предност;
- Одлично познавање на англискиот јазик;
- Најмалку 10 години работно искуство во образование;
- Искуство во имплементирање на Еразмус+ проекти;
- Искуство во кариерно советување на возрасни;
- Искуство во изработка и имплементирање на посебни програми за образование на возрасни;
- Искуство во водење на интервјуа за селекција на кандидати.
Заинтересираниот кандидат треба да достави:
- Пријава која треба да содржи:
- име и презиме,
- адреса на живеење,
- телефонски број и електронска пошта за контакт,
- степен и вид на стекнатото образование,
- години на работно искуство во образование (образовна институција),
- листа на Еразмус+ проекти (како носител и како партнер),
- години на работно искуство во кариерно советување, обуки, листа на изработени материјали, дополнителни активности во кариерно советување,
- број на изработени програми, број на верифицирани програми, сертификат за обучувач на возрасни, број на одржани обуки за возрасни.
- Кратка биографија.
Потребната документација кандидатот да ја достави на е-пошта до: konstantin.hristovski@cov.gov.mk
со назнака: Национален експерт за валидација на неформално и информално учење, PROJECT NUMBER – 592010-EPP-1-2017-1-MK-EPPKA3-AL-AGENDA
рок од 5 дена од денот на објавување на огласот.
Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапна за одлучување.
Публикуван на: 23.01.2019 година
Прием на апликации до: 27.01.2019 година