Врз основа на член 41 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 17/11, 51/11, 74/12, 41/14, 144/14, 146/15, 30/16 и 64/18) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

за Ангажирање на преведувач за превод на материјали на албански јазик (100 страни),  за потребите на проектот Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на преведувач за превод на материјали на албански јазик (100 страни),  за потребите на проектот Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење (1 извршител).

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  1. Пријава која треба да содржи:
    • име и презиме,
    • адреса на живеење,
    • телефонски број за контакт и
    • степен и вид на стекнатото образование;
    • цена по страна за превод на материјали од македонски јазик на албански јазик.
  2. Кратка биографија;
  3. Копија од диплома за завршено образование.

Потребната документација кандидатот да ја достави до архивата на:

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

ул. Димитрие Чуповски бр.13

1000 Скопје

или на е-пошта: contact@cov.gov.mk

со назнака за избор на преведувач за превод на материјали на албански јазик

во рок од 5 дена од денот на објавување на огласот.

Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапна за одлучување.

Публикуван на:08.11.2018 година

Прием на апликации до: 12.11.2018 година