Во рамки на активностите на Националните координатори за спроведување на Европската агенда за образование на возрасните, во периодот ноември 2017 – декември 2019 година, Центарот за образование на возрасните како национален координатор, го спроведува проект „Работен план на националниот координатор за учење на возрасните: Македонија“ (National Coordinator for Adult Learning Work Plan: Macedonia). Поконкретно, во рамките на проектот предвидено е да се реализираат следниве активности:

Во рамките на проектот  една од активностите за спроведување на проектот е студиски посети се со цел да се анализираат најдобрите пракси од земјите на ЕУ.

Директорот и дел од вработените на  Центарот за образование на возрасни, исто така ангажирани во спроведувањето на проектот реализираа студиска посета на 22-27.04.2018  во Лисабон, Португалија.

Во оваа посета се одржа неколку средби и тоа во: Citeforma(понудувачи на услуги за ВНИУ) со г-а.Susana Goncalves кординатор на центарот, Универзитетот Лусофона со г-а.Manuela Gomes Координатор на канцеларијата за прием, меѓународна,кариера и претприемништво,Национална агенција за квалификации и стручно образование со г-а.Maria João Alves.

eu-logo1