Во рамките на соработката меѓу Центарот за образование на возрасните со Центарот за доживотно учење, а со финансиска поддршка од DVV International од Германија, изготвена е компаративна анализа „Примери за валидација нанеформално образование на возрасни и информално учење од земји од ЕУ ипрепораки за Македонија“. Целта на оваа анализа е да придонесе кон развојот на системот за валидација на неформалното и информалното учење (ВНИУ), систем кој Центарот за образование на возрасните и Министерството за образование и наука го развиваат во соработка со Европската тренинг фондација од Торино.
По тој повод, Центарот за образование на возрасните и Центарот за доживотно учење организираат консултативна средба на која што ќе биде презентирана Анализата и ќе се дискутира за актуелни прашања поврзани со процесот на ВНИУ во Македонија.
Средбата ќе се одржи на 25.01.2017 година,а ќе ја отвори директорката на Центарот за образование на возрасните ЉиндитаЌазими.