Enhancing Lifelong Learning through Modernizing the Vocational Education and Training and Adult Education SystemsOperational Programme Human Resources Development 2007-2013 IPA Component IV |
||
Project Reference Number : EuropeAid/135834/IH/SER/MK | ||
Јавен оглас за избор на даватели на обуки
12 декември 2016 г.
Британски совет е водечки партнер на проектот „Јакнење на доживотното учење преку модернизација на системите на стручно образование и обука и образованието на возрасни“ и ДВВ Интернационал (од Германија) и Центарот за доживотно учење (од Македонија) како членови на конзорциумот. Главниот корисник на проектот е Министерството за образование и наука.
Главната цел на проектот е да придонесе кон јакнењето на целосен и интегриран систем на доживотно учење, со фокус на стручното образование и обука (СОО) и образованието на возрасните (ОВ) преку воспоставување динамична корелација меѓу образованието и промените како во општествената сфера така и на пазарот на труд.
Во рамки на проектот еден од приоритетите е поддршка на изработката и тестирањето на 10 нови образовни програми за возрасни од избраните приоритетни сектори, во тесна соработка со социјалните партнери. За таа цел ЈУ Центар за образование на возрасните пропишува:
ЈАВЕН ОГЛАС (12.12.2016)
ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на даватели на обуки и приватни компании за тестирање на следните програми за ОВ:
Програми за образование на возрасни за тестирање
- Ракувач со лифтови
- Монтер на градежни елементи (плочкар)
- Столар
- Собарка
- Бравар
- Органско производство
- Авто Електричар
- Монтер на соларни панели
- Нега на лица со посебни потреби
- Бебиситер/ка
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Да имат соодветен наставен кадар според бараните програми за образование на возрасни согласно законската регулатива;
- Да имат обезбедно услови за реализација на теоретскиот дел од посебната програма;
- Да имат обезбедно услови за реализација на практичниот дел од посебната програма, во смисла на простор и опрема, наставни средства и помагала;
- Обучувачите да бидат достапни за време на реалзиацијата на програмата според однапред определен распоред;
- Групата на обука да биде од минимум 6 и максимум 10 учесници;
- Избраните даватели на обуки да ги исполнуват законските услови за реализација на посебни програми за образование на возрсни, односно, да се од: компании, невладини организации, училишта за стручно образование и обука, комори итн.
Избраните даватели на обуки ќе се грижат за следното:
- Да обезбедат група на слушатели на обуката;
- Да направат проценка за реални трошоци по учесник;
- По можност давателите да имаат искуство во обезбедување обука за маргинализираните групи
Потребната документација кандидатот да ја достави во формуларот којшто можете да го преземете од мените на Документи. Пополнетиот формулар треба да го испратите до следнава е-маил адреса irena.babuskovska@britishcouncil.org.mk
со назнака за избор на тестирање нови програми
рок од 10 дена од денот на објавување на огласот.
Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапна за одлучување.
Публикуван на: 12.12.2016 година
Прием на апликации до: 23.12.2016 година