Со иницијатави на Коалиција на младински организации СЕГА и во согласност со Национална Стратегија за Мади на Република македонија 2016-2025, преку проект „Програма за децентрализирана соработка помеѓу регионот на Долна Нормандија од Франција и Република Македонија, беше организирана студиска посета се со цел Трансфер на добри пракси од примената на системот на вреднување на младинската работа во Франција.
Студиската посета беше фокусирана на состаноци со локални и регионални власти кои се задолжителни за следење и верификување на младинската работа, како и организации кои се сертифицирани за организирање и испорака на обуки за младиски работници.
Македонската делегација составена од:
Раметула Абдураими – Центар за образование на возрасните
Гордана Цекова – Агенција за млади и спорт
Зоран Илиески – Коалиција на младински организации СЕГА
Временскиот период на реализација на студиската посета беше од 17 – 21 април 2016г.