ЈУ ЦЕНТАР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИТЕ – СКОПЈЕ

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016 година, за мерката Обука за задоволување на побаруваните занимања на пазарот на трудот, ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје, на ден 24.02.2016 година, распишува

 

ЈАВЕН ОГЛАС

до

верификувани спроведувачи на обука (приватни компании, стопански и занаетчиски комори, средни стручни учулишта и други верификувани спроведувачи на обуки)

ЈУ  Центар  за  образование  на  возрасните  –  Скопје  распишува  оглас  за  избор  на верификувани спроведувачи на обука (приватни компании, стопански и занаетчиски комори, средни стручни учулишта и други верификувани спроведувачи на обуки) за   образование   на   возрасни   за   реализација   на   мерката  Обука за задоволување на побаруваните занимања на пазарот на труд во рамки на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2016 година

На  Јавниот оглас може  да  се  пријават верификувани спроведувачи на обука кои ќе  ги  реализираат следниве програми по градови:

– Шивач – Скопје, Прилеп

– Кројач – Скопје

– Келнер – Скопје, Битола

– Готвач – Скопје, Битола

– Пекар – Скопје

– Рецепционер – Скопје

– Бравар – Велес

– Заварувач – Велес, Битола,

– Столар – Скопје, Куманово

– Ѕидар – Битола, Штип, Струмица

– Гипс-монтер – Штип, Струмица

– Дом мајстор – Скопје

– Ракувач со градежна механизација – Битола, Струмица

– Сервисери за машини за шиење – Штип, Берово

– Фризер – Скопје, Битола, Тетово, Штип, Струмица, Струга

– Изработувач и монтажер на градежна столарија – Куманово, Струмица, Штип, Битола

– Нега на стари лица – Скопје, Битола, Крушево, Струга, Штип, Струмица, Куманово, Кавадарци, Радовиш

– Стаклопластичар – Струга

– Металостругар – Скопје

– Металоглодач – Скопје

– Гумар – Скопје

– Фасадер – Скопје, Штип, Битола, Струмица

– Слаткар – Скопје

– Монтер и инсталатер на сончеви панели – Скопје

– Службеник во книговодство – Скопје, Куманово

– Туристичко-агенциски службеник – Скопје

– Шминкер – Битола, Тетово

– Педикир / маникир – Битола, Струга, Штип

– Козметичар – Скопје, Битола

– Филигранист – Скопје

– Изработувач на накит од злато – Скопје

– Млекопроизводител – Свети Николе.

 

Заинтересираните врификувани спроведувачи треба да ги исполнуваат следните услови:

–     да имаат добиено решение за верификација за горенаведената програма од ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје;

–     да имаат документ за регистрирана дејност – образование на возрасни;

–     да располагаат со стручен кадар кој ќе ја спроведува програмата;

–     да  имаат добиено решение за верификација институција од Министерство за образование и наука, до започнување на обуката.

 

Заинтересираните верификувани спроведувачи кои ќе бидат селектирани за изведување на обука ќе добијат 30.000,00 денари паричен надомест по обучено лице.

Пријавата  за учество во мерката може да се најде на интернет страната на ЈУ Центар за образование на возрасните (www.cov.gov.mk) и заедно со потребната документација се доставува најдоцна до 31.03.2016 година до архивата на:

 

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје ул. Димитрие Чуповски бр. 13

1000 Скопје

Некомплетираните  и  ненавремено  доставени  документи  нема  да  бидат  земени  во постапка за одлучување.

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

Пријава за провајдер,Paraqitja (Овде може да ја симнете пријавата)

Напишете коментар