Во рамките на ИПА Твининг проектот се организираше студиска посета во Шпанија, Мадрид во периодот од 22-27 Ноември 2012, на која учествуваа директорката на ЈУ Центар за образование на возрасни Г-ѓица Линдита Ќазими и дел од вработените во ЦОВ. Целта на студиската посета беше запознавање на шпанскиот систем за образование на возрасни преку посета на значајни институции и организации како што се:
-Министерство за образование (Запознавање со различните сектори и нивните активности)
-Центри за образование на возрасни (Системи на формално основно и средно образование за возрасни , обуки за вработување)
-Агенција за вработување (Создавање и одржување на Државниот регистар на провајдери на обуки )
-Приватен образовен центар за возрасни-Толедо (Валидација на програми и услуги од гледна точка на давателот на услуги)
-Ромскиот Секретаријат (Презентација на програми за социјална вклученост)
-Националниот институт за квалификација INCUAL (Проценка и официјална акредитација на професионални квалификации)
– Генерален директорат за Насока/Советување и ВЕТ (Насоки на издавање на сертификати и дипломи)