Министерството за образование и наука ја донесе Стратегијата за образование на возрасните 2010-2015. Во Стратегијата се назначени следниве стратешките цели, за чија реализација во периодот од 2010 до 2015 година треба да ги фокусираат своите напори сите заинтересирани страни во сферата на образованието на возрасните:
- Зајакнување на системот на образование на возрасните преку развивање на информациско-статистички систем за следење на образовната мобилност на возрасните;
- Создавање на услови доживотното учење и мобилност да станат реалност;
- Подобрување на квалитетот и ефикасноста на образованието и обуката на возрасните;
- Промовирање на рамноправност, социјална кохезија и активно граѓанство;
- Промоција на образованието на возрасните и културата на учење преку активен пристап во образованието и обуката на возрасните.