Настан по поводот започнување со реализација на Програмата за образование на возрасни во Општина Чаир, кој ќе се одржи на 26-ти септември 2012 година во 12 00 часот, во просториите на СУГС Цветан Димов во Чаир.

Целта на оваа програма е да се оформи средното стручно образование во Општина Чаир, со што ќе се овозможи на учесниците од програмата да се стекнаат со одредена квалификација и со тоа да станат конкурентни на пазарот на трудот. Оваа праграма е продолжение на веќе започнатата иницијатива за дооформување на средно стручно образование, која во изминативе години се одвиваше во општина Арачиново.

На настанот ќе присустуваат директорката на Центарот за образовавие, г-ѓица Линдита Ќазими, градоначалникот на општина Чаир г-дин Изет Меџити, директорот на СУГС Цветан Димов г-дин Шаип Зенели и преставник од Министерство за образование и наука.

 

 

Напишете коментар