Врз основа на член 21-б став 4 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 17/11, 51/11, 74/12,41/14,144/14 и 146/15) ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува
ЈАВЕН ОГЛАС (26.11.2015)
ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на надворешен соработник за користење интелектуални услуги запрограмата Туристички водич (2 извршители).
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:
– да имаат најмалку високо образование од областа;
– да имаат најмалку 5 години работно искуство во настава во соодветнатаобласт или
– најмалку 10 години работно искуство во соодветната област.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
1.Пријава за членови на комисии која треба да содржи:
– име и презиме,
– работно место,
– адреса на работно место,
– адреса на живеење,
– телефонски број за контакт и
– степен и вид на стекнатото образование;
2.Кратка биографија.
Потребната документација кандидатот да ја достави до архивата на:
ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје
ул. Васил Ѓоргов бр.35
1000 Скопје
или на е-пошта: contact@cov.gov.mk
со назнака за избор на надворешен соработник
рок од 10 дена од денот на објавување на огласот.
Некомплетирани и ненавремени доставени документи нема да бидат земени во постапна за одлучување.
Публикуван на: 26.11.2015 година
Прием на апликации до: 05.11.2015 година