Врз основа на член 52 став (1) алинеја 1 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 3/25) Управниот одбор на  Јавната установа Центар за образование на возрасните -Скопје, на педесетатта седницата одржана на ден 22.05.2025 година, донесе

 

                                                     СТАТУТ

НА ЦЕНТАРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИТЕ

 

 

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

 

Член 1

Со овој статут се уредува називот и седиштето, дејноста, внатрешната организација, управувањето и раководењето, финансирањето, јавноста во работењето и други прашања од значење за работата на Јавната установа Центар за образование на возрасните – Скопје (во натамошниот текст: Центарот).

 

Член 2

Центарот има својство на правно лице.

Центарот е јавна установа за образование на возрасните.

Дејноста што ја извршува е од јавен интерес.

Во прометот со трети лица одговара со сите свои средства со кои располага.

 

II. НАЗИВ,СЕДИШТЕ, ПЕЧАТ И ШТЕМБИЛ

 

Член 3

Називот на Центарот е: „Јавна установа Центар за образование на возраснитеСкопје“.

Називот на Центарот на албански јазик е:INSTITUCIONI PUBLIK  QENDRA PËR ARSIMIN E TË  RRITURVE SHKUP“.

Називот на Центарот на англиски јазик е: Adult Education Centre“.

Скратен назив на Центарот е: „ЦОВ“.

Скратен назив на Центарот на албански јазик е: „QARr“.

Скратен назив на Центарот на англиски јазик е: „AEC“.

Називот на Центарот во меѓународен промет е „ADULT EDUCATION CENTRE“.

Седиштето на Центарот е на ул. „Димитрије Чуповски” бр.13 во Скопје.

 

Член 4

Центарот има свој печат и штембил.

Печатот има форма на круг, во средината е грбот на Република Северна Македонија, а околу него во првиот концентричен круг е испишано името на Република Северна Македонија, а во вториот концентричен круг е испишан називот и седиштето на Центарот: Јавна установа Центар за образование на возрасните-Скопје“.

Големината на печатот од став 2 на овој член, кој е испишан на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, е со пречник од 32 мм.

            Приемниот штембил има форма на правоаголник, го содржи името на Република Северна Македонија, називот и седиштето на Центарот: „Јавна установа Центар за образование на возрасните-Скопје“, кои се испишуваат хоризонтално едно под друго, а под нив се наоѓаат полиња со следните ознаки: „Примено“, „Орг. единица“, „Број“, „Прилог“ и „Вредност“.

Големината на печатот од став 4 на овој член, кој е испишан на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, е со димензии 65 х 40 мм.

Штембилот има форма на правоаголник и го содржи името на Република Северна Македонија, називот и седиштето на Центарот: „Центар за образование на возрасните – Скопје“, кои се испишуваат хоризонтално едно под друго, а под нив се остава празен простор за впишување на број на актот, на други писмена и на датумот на издавање и „Скопје“.

Големината на печатот од став 6 на овој член, кој е испишан на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, е со димензии 65 х 40 мм.

            Печатот и штембилот се чуваат и се употребуваат во просториите на Центарот, од страна на овластено лице за нивно користење.

 

III. ДЕЈНОСТ

Член 5

Во Центарот се усогласуваат и интегрираат јавните интереси и интересите на социјалните партнери во образованието на возрасните во Република Северна Македонија.

Центарот ја координира соработката со меѓународните институции и организации во областа на образованието на возрасните и доживотното учење.

 

 

IV. ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА

 

Член 6

Внатрешната организација на Центарот, видовите и организационите облици, програмирањето и извршувањето на работите и работните задачи, називот и звањата на работните места, видот и степенот на стручната подготовка, описот на работите и другите услови потребни за вршење на работите во Центарот се уредува со актите за организација и систематизација на работните места на Центарот согласно закон.

 

V. УПРАВУВАЊЕ И РАКОВОДЕЊЕ

 

Член 7

Орган на управување во Центарот е Управниот одбор.

Со Центарот управува Управен одбор, со мандат од четири години и можност за уште еден последователен избор на членовите на Управниот одбор.

Мандатот на член на Управниот одбор, може да престане и пред истекот на времето од четири години, и тоа:

– на негово барање

– со отповикување;

– ако настане трајна или привремена неспособност за непречено вршење на функцијата подолго од шест месеци непрекинато или смрт;

– ако му престане статусот вработен во субјектот од кој е предложен како претставник во Управниот одбор.

Членот на Управниот одбор може да биде отповикан ако:

– неоправдано отсуствувал на три седници во континуитет;

– ако е осуден за извршено кривично дело со правосилна судска пресуда со која е изречена казна затвор во траење од најмалку шест месеци;

– е на издржување казна подолга од шест месеци.

 

 

Член 8

Управниот одбор на Центарот ги врши следните работи:

– го донесува Статутот на Центарот,

–   ја усвојува годишната програма за работа на Центарот,

–  го усвојува годишниот извештај за работата на Центарот,

     – ја утврдува висината на средствата за трошоците за верификација на програмите и за трошоците за проверката на исполнетоста на условите за акредитација на избраниот понудувач/и на услуги за валидација,

       ја утврдува висината на надоместокот за сертификатите и додатоците на сертификатите,

       ја утврдува висината за надоместокот за работа на членовите на Комисијата за верификација на посебните програми,

       ја утврдува висината на надоместокот на надворешните проценувачи за нивното учество во Комисијата за проценка,

       го определува паричниот надомест по одржана обука на обучувачите за обуките во процесот на верификација,

       ја утврдува висината на надоместокот за валидација која доведува до стекнување на стручна квалификација,

       одлучува по жалба на незадоволните кандидати против одлуката за нивниот неизбор за вработување,

       одлучува по приговорите и жалбите на вработените во Центарот,

       предлага годишен финасиски план и завршна сметка до Владата на Република Северна Македонија и

       врши и други работи утврдени со закон и со овој статут.

Член 9

Управниот одбор одлуките ги донесува на седници.

Седниците на Управниот одбор ги свикува и со нив раководи претседателот, а во негово отсуство заменикот на претседателот на Управниот одбор.

            Претседателот на Управниот одбор може да свика седница и по предлог на директорот на Центарот или по предлог на една третина од членовите на Управниот одбор.

Управниот одбор може полноважно да работи доколку на седницата се присутни повеќе од половина од вкупниот број на членови.

Одлуката се смета за донесена доколку за неа гласале повеќе од половината присутни членови на Управниот одбор.

За усвојување на Статутот, годишната програма за работа, финансискиот план, Управниот одбор одлучува со апсолутно мнозинство.

            Седниците на Управниот одбор може да се одржуваат и преку некоја од интернет платформите.

Работата на Управниот одбор поблиску се уредува со Деловник за работа на Управниот одбор.

Член 10

            Орган на раководење во Центарот е директорот.

 Директорот и заменик на директорот на Центарот, на предлог на министерот за образование и наука, ги избира и разрешува Владата на Република Северна Македонија.

За избор на директор и заменик на директорот на Центарот, се објавува јавен оглас во три дневни весници, кои се издаваат на целата територија на Република Северна Македонија, од кои во еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, кој трае осум дена, од денот на објавувањето на јавниот оглас.

Член 11

На директорот на Центарот му престанува мандатот, ако:

– сам побара,

– трајно ја загуби способноста за вршење на должноста директор и

– ги исполни условите за старосна пензија.

 Директорот на Центарот се разрешува пред истекот на мандатот, ако:

– му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност,

– со правосилна судска пресуда му е изречена казна затвор во траење подолго од шест месеци и

– дозволи исплаќање на средства кои не се утврдени во годишниот финансиски план на Центарот.

Основите за престанок на мандатот на директорот пред истекот на периодот за кој е избран од ставовите (1) и (2) на овој член, се однесуваат и на престанок на мандатот пред истекот на периодот за кој е избран заменик на директорот на Центарот.

Во случаите од ставовите (1) и (2) на овој член, до избор на директор на Центарот, Владата на Република Северна Македонија именува вршител на должноста директор.

Вршителот на должноста директор ги врши работите до именување на нов директор, но не подолго од шест месеци од денот на неговото именување.

 

Член 12

Директорот ја организира и ја раководи работата на Центарот, самостојно донесува одлуки и е одговорен за законитоста на работата на Центарот.

            Во остварувањето на обврските и раководењето од ставот 1 на овој член, директорот:

       го застапува Центарот;

       непосредно раководи со работењето на Центарот;

       се грижи за законито трошење на финансиските средства на Центарот;

       ги предлага Годишната програма за работа на Центарот, Годишниот финансиски план за потребните средства и нивните извори и Планот за јавни набавки до Управниот одбор на Центарот;

       изготвува Годишен извештај за реализација на годишната програма на Центарот и Годишен финансиски извештај и ги доставува до Управниот одбор на Центарот;

       ги предлага и извршува општите акти за организација и систематизација на работењето на Центарот;

       донесува акти за внатрешна организација и систематизација на работните места во Центарот и други акти на Центарот кои се однесуваат на работниот однос на вработените, донесува годишни планови за вработување на вработените, како и решава за правата од работен однос на вработените во Центарот;

       организира и обезбедува подготвување на нацртите и предлозите на општите акти и извештаите што ги донесува Управниот одбор на Центарот;

       предлага акти до Управниот одбор на Центарот;

       обезбедува транспарентност во работата на Центарот;

       учествува во работата на Управниот одбор на Центарот, без право на глас во одлучувањето;

       ги извршува одлуките на Управниот одбор на Центарот и

       врши други работи утврдени со закон.

            Во врска со извршувањето на работите од став 2 на овој член, директорот донесува наредби, упатства, одлуки, решенија и сл.

 

VI. ФИНАНСИРАЊЕ НА РАБОТАТА НА ЦЕНТАРОТ

 

Член 13

Средствата за остварување на дејноста на Центарот се остваруваат од Буџетот на Република Северна Македонија.

            Центарот може да стекнува сопствени приходи и од:

       извршени услуги кои се резултат на вршење на основната дејност;

       донации;

       легати, подароци и завештанија.

Средствата од ставовите 1 и 2 на овој член, ќе се користат според утврден финансиски план на Центарот.

 

 

VII. ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА

Член 14

За работата на Центарот и органите на управување, вработените се информираат преку огласната табла или електронска пошта.

Информирањето го врши директорот, претседателот на Управниот одбор или раководителите, преку одлуки, решенија, извештаи и информации.

За вистинитоста на информациите одговара органот или раководителот кој истата ја објавил.

Центарот, своите акти и податоци кои се јавно достапни согласно закон, ги објавува на својата веб-страница.

 

VIII. КЛАСИФИЦИРАНИ ИНФОРМАЦИИ

 

Член 15

Заради заштита на интересите на Центарот и пошироката заедница, во Центарот се превземаат мерки за чување, ракување и соопштување  на податоците согласно прописите од областа на класифицираните информации.

 

 

IX. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

 

Член 16

Изменувањата и дополнувањата на Статутот се вршат по постапка пропишани за нивно донесување.

 

Член 17

Со денот на влегувањето во сила на овој статут престанува да важи Статутот на Центарот за образование на возрасните бр.02-880/1 од 11.11.2023                    година.

Член 18

Овој статут влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето на огласната табла на Центарот за образование на возрасните – Скопје , а ќе се објави по добивањето согласност од Владата на Република Северна Македонија.

 

 

 

                                                                                                                                                                                    ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР, 

                                                                                                                                                                             Сашо Дукоски