takim

Семинар за партнерство – процеси и напредок

На ден 15.11.2012 год. во просториите на Занаетчиска комора –Скопје,Центарот за образование на возрасните во рамките на ЕУ Твининг проект:”Подршка за градење на капацитетите на Центарот за образование на возрасните,развој на програми за образование на возрасни и програми за описменување и за дооформување на основното образование на исклучените лица” организираше “семинар за партнерство-процеси и напредок”.На семинарот присуствуваше и директорката на Центарот Г-ца Линдита Ќазими,која во своето обраќање на присутните им ја претстави историјата и мисијата на ЦОВ како и важноста на партнерството за поноатамошен развој и успех на ЦОВ.

Семинарот го водеше постојаниот твининг советник,Г.Жан-Лук Селие кој го презентираше партнерството во полето на доживотното учење како и пристапот применет од твининг проектот за воспоставување на партнерствата.

Краткорочните експертите од Франција Г-ѓа Колет Рамилиен и Г. Франсис Леви на присутните им ги презентираа резултатите од првите чекори во развивање на партнерства во ЦОВ. При тоа,тие го објаснија пристапот користен за проширување на мрежата на партнери на ЦОВ и нивната важност во изготвувањето и спроведувањето на пилот програмите за образование на возрасните.

seminar1 seminar2

0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply