На 30,31.10.2019 година Центарот за образование на возрасни беше домаќин на делегација од Р.Косово, односно претставници на Агенцијата за стручно образование и обука и образование на возрасни, каде што целта на посетата беше размена на искуства во областа на стручното образование и обука и образованието на возрасни.Во текот на оваа посета се одржаа неколку средби во повеќе институции како што се Центарот за образование на возрасни, Министерството за образование и наука на РСМ, Центарот за стручно образование и обука и средно стручно училиште „Боро Петрушевски“.