На 05.06.2019 година директорката на Центарот за образование на возрасните г-а Линдита Ќазими потпиша Меморандум за соработка помеѓу Стопанската комора на Македонија, Центарот за образование на возрасните и Швајцарската организација за образование на возрасни. Со потпишувањето на овој меморандум за соработка ќе се овозможи:

–        – креирање на парнерство помеѓу потписниците,

–        – промовирање на неформалното образование и доживотното учење,

–         -воспоставување на соработка на неформалното овразование со приватниот сектор,

–        – унапредување на квалитетот на неформалното учење,

–          зголемување на вештините и компетенциите на младите и возрасните со цел зголемување на нивната конкурентност на пазарот на труд. Соработката помеѓу иснституциите е овозможена од страна на проектната единица на проектот Образование за вработување во Северна Македонија (Е4Е@мк).