Setup Menus in Admin Panel

Обука „Проценка во контекст на валидацијата на неформалното и информалното учење (ВНИУ)

Во периодот од 29-ти октомври до 2-ри ноември 2018 година, во организација на Центарот за образование на возрасните, а  поддржано од Центарот за доживотно учење, се одржа обука за обучувачи на проценувачи за процесот на ВНИУ.

Целта на оваа обука е понатамошно придонесување во активностите за градење на капацитети на обучувачите на оценувачи во ВНИУ кои се одвиваат во Македонија. На оваа обука фокусот беше продлабочување на разбирањето на процесот на ВНИУ, различните улоги во процесот, како и проширувањето на разбирањето на многу актуелни прашања – како што се комуникацијата и работата на портфолио во ВНИУ.

Како резултатат од обуката, учесниците стекнаа добро познавање на предусловите поврзани со развојот на ВНИУ во Македонија, умеат да го спроведат процесот на ВНИУ во соработка со други ВНИУ практичари и засегнати страни, ефикасно да ги применуваат методите за комуникација и повратни информации во процесот на проценка во ВНИУ, можат да го ценат и земат во предвид концептот на премолченото знаење во процесот на оценување во ВНИУ; знаат независно да користат и понатаму да развиваат Портфолија во процесот на проценка во ВНИУ.

Учесници беа претставници од различни институции: Центар за образование на возрасни, Центар за стручно образование и обука, Министерство за образование и наука, Агенција за Вработување на Република Македонија, Државен испитен центар, Отворени граѓански универзитети и Занаетчиска комора Скопје.

Обучувач беше претставник од Финска- Annie Karttunen, специјалист за образовна политика.

Thursday November 8th, 2018
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support