Денес во 28.12.2011 во просторите на Министерство за образование и наука се одржa прес-конференција за промоција на две прирачници:Прирачник за верификација на посебните програми за образование на возрасни и Прирачник за лиценцирање на установи и институции за образование на возрасни.На прес-конференција учествуваа министeрот за образование и наука, г-дин Панче Кралев,директорката на ЈУ Центар за образование на возрасните,г-ца Љиндита Ќазими и претставник на УНДП,г-ѓа Снежана Мирчевска Дамјановска.

Целта на овие прирачници е да им ги доближи и објасни процесите на верификација на програми и лиценцирање на установи и институции на провајдерите за образование на возрасните.Во првата фаза на верификација ќе се верифицираат само посебни програми за образование на возрасни кои водат кон квалификации, а во втората фаза ќе бидат опфатени и посебни програми за образование на возрасни кои водат кон одредени компетенции. Посебни програми се програми за неформално образование за стекнување на знаења, вештини и компетенции.

Прирачникот за верификација на посебните програми за образование на возрасни, Моделот на посебна програма за образование на возрасни, Барањето за верификација, како и другите документи за верификација на посебните програми за образование на возрасни ќе можат да се најдат на официјалната интернет страница на Центарот:www.cov.gov.mk. Сите дополнителни прашања ќе може да се испратат на mail адресата: contact@cov.gov.mk.

Напишете коментар