Oбука за подигнување на свеста за процесот на валидација на неформалното и информалното учење ВНИУ за релевантните чинители во областа на образование на возрасни во Република Северна Македонија

На 31-ви Мај се одржа обука за подигнување на свеста за процесот на валидација на неформалното и информалното учење ВНИУ за релевантните  чинители во областа на образование на возрасниво Република Северна Македонија. Целта на оваа обука  беше да се зајакне свесноста за улогата и значењето на процесот на валидација на неформалното и информалното учење. Со цел да се опфатат повеќе чинители присуствуваа  претставници на релевантните институции од земјата, кои беа запознаети со важноста на процесот и улогите на сите чинители во ВНИУ.

Преку интерактивен пристап, со работа во групи беа опфатени следните теми: Користа и логиката на валидацијата на неформалното и информалното учење, Квалитетот во ВНИУ, Одговорности и имплементација на процесот на ВНИУ, Улоги на чинителите на ВНИУ, како и најновите документи од Европските политики поврзани со областа. Обуката ја спреведе експертката за валидација Анни Картунен од Финска.

Оваа обука е една од активностите на проектот Работен план на националниот координатор за учење на возрасните кој е имплементиран од страна на јавната установа Центар за образование на возрасни и е финансиски подржан од ЕРАЗМУС + програмата на Европска Унија.

Главната цел на проектот е да се поддржи воспоставувањето на националниот систем на валидација на неформалното и информалното учење (ВНИУ), обрнувајќи внимание на фазите на идентификација и документација. За постигнување на целта на проектот беа спроведени различни активности за развивање на стандарди, портфолио за кандидати, како и програма и материјали за учење на обучувачите за советници за ВНИУ

Thursday June 20th, 2019
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support