dav

Национални агенции за европски програми и мобилност

Во Загреб Р.Хрватска во период од  31.05-02.06.2017 година се одржа настан организиран од страна на Националните агенции за европски програми и мобилност на Р.Македонија,Р.Хрватска и Р.Словениа.

На настанот се разгледуваат можности за поврзување на институциите од областа на  образование на возрасни, земји кои вклучуваат и луѓе со помали можности и тоа луѓе со:

Потешкотии во учењето: рано напуштање на училиштето, нискоквалификувани возрасни,
Економски пречки: луѓе со низок животен стандард, ниски приходи, приматели на социјална помош, луѓе во долгови или со финансисики проблеми.
Културни разлики: емигранти, бегалци, луѓе кои припаѓаат на национално или етничко малцинство со јазични потешкотии и потешкотии при адаптација и социјализација. На настанот активно учество со свој претставник зема и Центарот за образование на возрасните.

0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *