Конференција за Валидација не претходно знаење – VPL Biennale Berlin 2019

Во рамки на активностите на Националните координатори за спроведување на Европската агенда за образование на возрасните, во периодот ноември 2017 – декември 2019 година, Центарот за образование на возрасните како национален координатор, го спроведува проект „Работен план на националниот координатор за учење на возрасните: Македонија“ (National Coordinator for Adult Learning Work Plan: Macedonia). Поконкретно, во рамките на проектот предвидено е да се реализираат следниве активности:

  • развивање на стандарди, портфолио за кандидатите за валидација на неформалното и информалното учење (ВНИУ), програми и материјали за советниците за валидација,
  • обука на 10 обучувачи на советници за ВНИУ
  • одржување на работилница за подигање на свеста кај 20 претставници на клучните партнери со цел нивно запознавање со главните принципи на ВНИУ и зајакнување на институционалната соработка,
  • надградба на базата на податоци со дел за валидацијата.

Во рамките на проектот  една од активностите за спроведување на проектот е студиски посети се со цел да се анализираат најдобрите пракси од земјите на ЕУ.

Директорот и дел од вработените на  Центарот за образование на возрасните, исто така ангажирани во спроведувањето на проектот учествуваа на конференцијата VPL Biennale од 06-09.05.2019  во Берлин, Германија.

Во конференцијата учествува 40 земји со 300 претставници,дел од конференцијата беа и семинарите односно работните групи кај што работевме сите заедно на декларацијата за Валидација на претходното знаење, се дадоа мислења сугестии и на крај се гласаше за финалниот документ.

Ова конфернција/семинар беше многу корисна за нас пошто ќе ни помогне за финализирање на законот и процедурите за Валидација на неформалното и информалното учење во Р.Сверна Македонија

Monday May 13th, 2019
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support