qarr2017

Консултативна средба за нацрт анализата Примери за валидација на неформално образование на возрасни и информално учење од земји од ЕУ и препораки за Македонија“

Во рамките на соработката меѓу Центарот за образование на возрасните со Центарот за доживотно учење, а со финансиска поддршка од DVV International  од Германија, изготвена е компаративна анализа „Примери за валидација нанеформално образование на возрасни и информално учење од земји од ЕУ ипрепораки за Македонија“. Целта на оваа анализа е да придонесе кон развојот на системот за валидација на неформалното и информалното учење (ВНИУ), систем кој Центарот за образование на возрасните и Министерството за образование и наука го развиваат во соработка со Европската тренинг фондација од Торино.

По тој повод, Центарот за образование на возрасните и Центарот за доживотно учење организираат консултативна средба на која што ќе биде презентирана Анализата и ќе се дискутира за актуелни прашања поврзани со процесот на ВНИУ во Македонија.

Средбата ќе се одржи на 25.01.2017 година,а ќе ја отвори директорката на Центарот за образование на возрасните ЉиндитаЌазими.

0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *