Директорката на Центарот за образование на возрасни г-а.Линдита Ќазими и вработените во Центарот Ирена Милков и Мевљане Зулфиќари, на 4.2.2019 година одржаа работен состанок со директорот на Swiss Federation for Adult Learning – SVEB, Bernhard Grämiger и консултантот Andre Schläfli, како и претставникот од проектот Образование за вработување (Е4Е) Борис Тримчев. На состанокот претставниците меѓусебно се запознаа со работните активности на двете институции. Исто така се дискутираше и за воспоставување на соработка меѓу на Центарот за образование на возрасни и Swiss Federation for Adult Learning – SVEB. Соработката меѓу двете институции се воспоставува благодарение на проектната едниница на Образование за вработување (Е4Е).