На конференцијата учествуваа повеќе од 200 еминентни претставници од различни институции и организации од Европа, вклучувајќи ги креаторите на политики, експерти кои работат на спроведување на процесите на валидација, истражувачи и други чинители. Конференцијата се одржа во Солун, Грција, 28 и 29 Ноември 2016 година, а беше организирана од страна на Цедефоп.
Целта на оваа конференција беше да се споделат искуства поврзани со процесот на валидација на неформалното и информалното учење, за кои повеќето учесници се согласија дека е еден од приоритетите за намалување на невработеноста, подобрување на квалификациите на возрасните и зголемување на квалитетот на живот.
Како главни теми на конференцијата беа:
- Валидација на мигранти
- Валидација за невработените или оние кои се во ризик да станат невработени
- Валидација за ниско- квалификувани возрасни
- Валидација за вработени
На конференцијата зедоа учество пет претставници од ЈУ Центар за образование на возрасните и двајца претставници од Центар за доживотно учење.