Со цел да се промовира значењето на доживотното учење во Република Македонија, и да се поттикнат креативни идеи и пристап за образование на возрасни, 13-та година по ред во Република Македонија се организираат Денови на доживотно учење.
Предвидените активности во 2016 година се спроведуваат под покровителство на Министерство за образование и наука на Република Македонија, во организација на Центар за доживотно учење – Скопје и ЈУ Центар за образование на возрасни – Скопје, со финансиска поддршка од ДВВ Интернационал-Бон, Германија. Преку организација на конференции, модерирани дискусии, презентации, изложби и други активности, Деновите на доживотно учење во 2016 година ќе бидат одбележани во четири општини и тоа: Тетово, Кичево, Охрид и Струмица.
Активностите во регионот на Тетово ќе бидат организирани од страна на Здружение Институт за развој на заедницата (ИРЗ) – Тетово, и според програмата, предвидено е да се одржи конференција со модерирана дискусија, како и работилница за користење на дигитални медиуми.