На 20-21 март 2018 година, во Тирана, Албанија се одржа заеднички семинар за валидација на неформално и информално учење (ВНИУ).

Семинарот беше организиран од Европската тренинг фондација (ЕТФ), со учество на претставници од Македонија, Албанија и Косово. Македонската делегација беше составена од претставници на Министерството за образование и  наука, Центарот за образование на возрасните и Центарот за стручно образование и обука.

Во рамките на семинарот беа изготвени нацрт верзија на подзаконските акти за ВНИУи нацрт на процесот за акредитација на провајдери на ВНИУ.