Работилница за Валидација на неформалното и информалното учење (ВНИУ – развој на националниот патоказ. Втора работилница)

На 11-12 април, 2016 година во хотел Солун, Скопје се одржа Работилница во организација на ЈУ Центар за образование на возрасни- Скопје во соработка со Европска Фондација за обука (ETF). На работилницата беа претставници од повеќе институции. Целта на оваа работилница беше да ги дефинирање  на патоказот за Валидација на неформално и информално учење (ВНИУ)  за земјата .

Националната група од повеќе институции е  од суштествено значење за оваа работилница, за разјаснување на концепти, приоритети, активности кои треба да се планираат во координација со други тековни проекти во релевантни области, и усогласување на препораките за конечната верзија на Патоказот.

Работилницата беше вклучена и сесија на размена на знаењата со цел да ги запознае учесниците за ВНИУ практиките во земји со искуство во областа. Беше презентиран  системот на ВНИУ во Франција од страна на експертката Yolande Fermon .

0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *