image001

Клучните актери на системите за образование на возрасни од Македонија на студиска посета на Босна и Херцеговина

Во периодот помеѓу 7-ми и 11-ти Мај, ДВВ Интернационал во соработка со партнерските институции и организации во Босна и Херцеговина, беше домаќин на македонска група составена од претставници на институции и организации, а предводена од  Центарот за доживотно учење во Скопје.

Учесниците од Македонија беа претставници на ЈУ Центар за образование на возрасни, Националната Агенција за Европски Образовани Програми и Мобилност, Центарот за доживотно учење Скопје, како и претставници на Отворените Граѓански Универзитети за Доживотно Учење од Гостивар, Неготино, Скопје, Струмица и Тетово.

Оваа билатерална стручна размена беше организирана со цел  да им овозможи на различните чинители од образованието на возрасни од двете земји да разменат искуства, мислења, примери на добра пракса, како и да и продискутираат тековните проблеми и  предизвиците во образованието на возрасни и можните решенија.  Учесниците од Македонија, беа пречекани од претставници на институции и организации од различни нивоа во образованието на возрасни вклучувајќи ги и оние од микро ниво.

На 8-ми Мај, гостите од Македонија беа во примени на состанок со заменик Министерот за Средно Стручно Образование и Образование на Возрасни при Министерството за Образование, Наука и Млади на Кантонот Сараево, Г-ѓа Ламија Хушиќ, како и со претставници на: Јавната Установа Босански Културен Центар на Кантонот Сараево; Јавното Средно Училиште за Градежништво и Геодезија; Центарот за Бизнис Едукација Сараево.

Освен посетата на институциите во Кантонот Сараево, учесниците од Македонија ги посетија и организациите партнери на ДВВ Интернационал во Сребреница и Горажде. Членови на здружението САРА од Сребреница и Организацијата на жени ПРИРОДА од Братунац ги пречекаа гостите во Сребреница и им ја презентираа нивната работа, досегашната соработката со ДВВ Интернационал, како и плановите за идните активности.

Министерот за Образование, Млади, Наука, Култура и Спорт на Босанско Подринскиот кантон Горажде, Г-дин Дамир Жуга ги пречека гостите и заедно со Г-дин Амир Духовиќ, кој е контакт за образование на возрасни ја нагласија важноста на ваквите регионални размени во зацврстувањето на соработката во полето на образование на возрасни и севкупната соработка.

Гостите од Македонија посетија и две организации институции кои се лидери во образованието на возрасни во овој Кантон а тоа се Јавната Институција Средно Стручно Училиште Џемал Биједиќ  и Асоцијацијата АЛДА од Горажде.

Возвратна посета од страна на претставници од Босна и Херцеговина во Македонија ќе се организира во Септември оваа година, а домаќин на истата ќе биде Центарот за Доживотно Учење од Скопје.