Личен асистент на лица со попреченост

Програмата за „Личен асистент на /лица со попречености” има за цел да ги оспособи кандидатите за давање на социјални услуги со кои ќе обезбедат независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата и вршење на секојдневните активности на лица со потешка и најтешка физичка попреченост Времетраењето на програмата е 150 часа и опфаќа […]
Организатор на настани

Главна цел на програмата „ОРГАНИЗАТОР НА НАСТАНИ“ е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за планирање, организација и реализација на свечени, обредно-ритуални, културно-забавни, корпоративни и останати настанати, координација на тимот, примена на мерки за заштита при работа и заштита на животната средина, почитување и примена на законски прописи, кодекс на однесување, работна етика, различни […]
Негувател/ка на лица со попреченост

Програмата за „Негувател/ка на лица со попречености” има за цел да ги оспособи учесниците за етичките норми и методи за комуникација со лица со попреченост, со примена на вештини за базична нега. Во рамките на оваа програма учесникот ќе има можност да се стекне со знаења, вештини и компетенции за да овозможи да дава помош […]
Пчелар за основно пчеларство на одржлив начин

Целта на програмата е учесникот да се стекне со основни знаења, вештини и компетенции за примена на основните практики и техники за пчеларско производство на одржлив начин. Како резултат на програмата, учесникот ќе биде оспособен за: подигање на пчеларник на соодветна локација; препознавање на болестите кај пчелите и примена на биотехнички методи за заштита од […]
Архивар

Главна цел на програмата „АРХИВАР“ е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за канцелариско и архивско работење применливи во различен тип на организации, самостојно извршување на работи и задачи во ракување со прием, прегледување, распоредување и заведување на документите/записите, нивно доставување во работа, административно-техничка обработка, испраќање, разведување, класифицирање и одлагање на решените документи/записи […]
Претприемништво и менаџмент за извршни директори

Програмата за претприемништво и менаџмент за извршни директори е посебна програма за образование на возрасните наменета за менаџментот во компаниите со цел истите да развијат знаења, вештини и ставови за претприемништво и менаџмент. Програмата се состои од 8 модули кои ги покриваат сите сегменти на бизнис меанаџмент и со кои постојните и идните претприемачи и […]
Фризер за жени

Главната цел на програмата „Фризерза жени“ е насочена кон вработување во фризерски салони и директно самовработување, преку стекнување на стручно оспособување во областа на фризерството. Преку теоретска и практична настава учесниците ке се здобијат со знаења и вештини од областа на фризерството. Сите учесници ќе стекнaт основни познавања за занимањето фризер и ќе се оспособат […]
Негувател/ка на стари и немоќни лица

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за давање на услуги од социјален аспект во институции или домашни услови на лица кои поради возраст, хронични болести и др. причини се во состојба на изнемоштеност и неможност да се грижат за себе. Програмата е организирана во пет модули кои му овозможуваат […]
Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест

Програмата за асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест и деменција има за цел оспособување на учесниците за давање помош и поддршка на корисниците на услугите, и нивните семејства. Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест и деменција треба да обезбеди директна помош, поддршка и нега на лицето за кое се грижи, како […]
МАСЕР ЗА КОЗМЕТИЧКА МАСАЖА

Примарната цел на програмата „Масер за козметичка масажа“е насочена кон професионално оспособување во областа масажа на тело. Со помош на програмата, преку теоретска и практична настава, учесникот ќе се запознае со организацијата на работа во козметичките салони, со работниот простор, опремата и инвентарот. Да научи да применува различни масерски постапки. Ќе се применува стручна терминологија […]
Службеник во сметководство

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции кои ќе му овозможат работно оспособување за занимањето Службеник во сметководство. Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Службеник во сметководство“. Времетраењето на програмата е 250 часа од кои 75 часа теоретска обука, […]
ОДРЖУВАЧ НА ЕЛЕКТРИЧНА ОПРЕМА ЗА ПОГОН НА РУДАРСКА ОПРЕМА

Програмата овозможува работно оспособување за Електромеханичар за погон на рударска опрема и истата е со тромесечно времетраење, односно 320 часа и опфаќа 64 часа стручно теоретски содржини во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која се реализира во Машинска хала. Стручно теоретската настава и практичната обука ја изведуваат наставници со долгогодишно искуство. Обуката […]
TАПЕТАР НА МЕБЕЛ

Основната цел на програмата Тапетар на мебел е стекнување на знаења, развивање на вештини и оспособување за кроење, шиење на материјали за пресвлекување и декорација на намештај, монтажа на нов мебел како и репарација на тапациран намештај. Начинот на реализација на програмата е преку практична настава и теоретска обука и води до стекнување на сертификат […]
ЦВЕЌАР

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при работа во цвеќарско производство на отворено и во заштитени простори, производство на матичен насад за вегетативно размножување на цветните култури, примена на вегетативно и генеративно размножување, примена на стандарди и контрола на производството, правилна евиденција на производството […]