Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења и вештини од областа на компјутерските мрежи.
Програмата започнува со изучување на типови на компјутерски мрежи според големината, начинот на поврзување, начинот на пристап како и нивната архитектура.
После тоа програмата продолжува со изучувaње на мрежната опрема и различните медиуми за пренос.
Следна работа која ќе се научи се мрежните сервиси и мрежните протоколи.
На крајот на програмата е опфатена приватноста и безбедноста на интернет, разните облици на компјутерски криминал, како и мерките за заштита.
Целокупната обука ќе се одвива во компјутерски училници опремени со потребната компјутерска и мрежна опрема.
Програмата се реализира преку теоретска и практична настава при што акцентот е ставен на практичната обука.
Времетраење на програмата е 104 часа: 48 часа се посветени на теоретска настава, 56 часа се практична обука.
Оценувањето и вреднувањето на постигнатиот успех на учесникот при неговото следење на програмата се спроведува преку проверка на знаење (писмено и практично).
На крајот од обуката се спроведува завршен испит – кој исто така има писмен и практичен дел и преку него се проверува комплетно стекнатото знаење и вештина на кандидатот.
По завршувања на програмата и положениот завршен испит, учесниците се стекнуваат со сертификат „ОПЕРАТОР ЗА КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ“.