Програмата ќе се реализира преку следниве модули (задолжителни и изборни):
Задолжителни(теорија+пракса):
1. Принципи на органско производство – (6 часа + 6 часа) = 12 часа
2. Стандарди, конверзија и сертификација – (6 часа + 6 часа) = 12 часа
3. Маркетинг на органски производи – (12 часа + 6 часа) = 18 часа
4. Бизнис планирање – (18 часа + 6 часа) = 24 часа
5. Легислатива, финансии и субвенции – (6 часа + 6 часа) = 12 часа
6. Настани на терен (фарма) – (пракса 42часа) = 42часа
7. * еден од техничките модули – (18 часа + 12 часа) = 30 часа
Теоретски и практични (66 часа + 84 часа)= 150 часа
* Технички модули (изборни):
1. Органско сточарско производство – (18 часа + 12 часа)
2. Органско градинарско производство — (18 часа + 12 часа)
3. Органско пчеларство – (18 часа + 12 часа)
4. Органски лековити и ароматични растенија,
и други (култивирани)- (18 часа + 12 часа)
5. Органско лозарство и овоштарство – (18 часа + 12 часа)
6. Органско полјоделство (18 часа + 12 часа)
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука да им овозможи на учесниците да се стекнат со сертификат ФАРМЕР ЗА ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО.
Времетраењето на програмата е 150 часа од кои 66 часа теоретска обука (вклучително и 7 часа оценување), 84 часа се практична обука во реални работни услови. Секој учесник во обуката мора да избере најмалку еден изборен модул. Доколку сака да ги прошири знаењата за органското производство од повеќе земјоделски области, учесникот во обуката може да избере два или повеќе изборни модули. Теоретскиоти и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, однапред договорено со учесниците во програмата. Теоретската и практична обука ќе се врши во училници, а теренската практична обука на посебни површини.
Учесникот во обуката што ќе ги помине задолжителните модули и сите технички модули ќе има вкупно 300 часа обука и ќе добие сертификат за Фармер за органско производство.
Учесникот во обуката што ќе ги помине задолжителните модули и еден од техничките модули ќе има вкупно 150 часа обука и во зависност од техничкиот модул ќе се стекне со еден од следните парцијални сертификати:
– фармер за органско сточарско производство
– фармер за органско градинарско производство
– фармер за органско пчеларство
– фармер за органски лековити и ароматични растенија
– фармер за органско лозарство и овоштарство
– фармер за органско полјоделство
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секој модул преку усна и писмена проверка. При целосна реализација на сите модули проверката на знаење ќе се спроведе преку завршен испит со кој ќе се проверат стекнатите вештини и компетенции. На крајот од обуката, учесниците се стекнуваат или со парцијален сертификат (150 часа) или со целосен сертификат (300 часа) за работна оспособеност ФАРМЕР ЗА ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО.