Угостител-послужувач

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата содржи вкупно 200 часа од  кои 48 теорија, 132 пракса и 20 часа проверка на стекнатите знаења. Теоријата и писмените проверки на знаење ќе се реализираат во Приватната образовна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење – Ванчо Прќе во Штип, а практичниот дел ќе се изведува во угостителски објекти со кои установата склучува договор за соработка.

Програмата е наменета за работоспособни лица со завршено минимум основно образование не помлади од 18 години кои сакаат да се вработат или веќе се вработени како послужувачи во разни угостителски објекти.

Бројот на една група кандидати ќе зависи од просторните можности, но се препорачува да не изнесува повеќе од 12 учесници.

Преку програмата за работа за УГОСТИТЕЛ – ПОСЛУЖУВАЧ  учесниците низ теоретска и практична настава ќе се запознаат со организација на работа во ресторан, со организацијата на работниот простор, со заштита и безбедност при  работа и здравје, со опремата и инвентарот – намена и начин на одржување, ќе се научат да ракуваат со приборот,  алатите, опремата и средствата, ќе се запознаат со стручната терминологија, со работните задачи, а низ практични часови ќе научат самостојно да работат и да ги совладаат сите вештини од областа на послужувањето, како што се: Увод во послужување и негов историски развоИсто така учесниците ќе се оспособат за самостојно организирање и извршување на разни видови послужувања во различни видови на угостителски објекти. Тие исто така ќе бидат подготвени да организираат разни видови на послужување надвор од ресторани како што се: Ланч пакет – пикник, разни коктел партии, чајанки, пансионско послужување, послужување по катови и слично.

Во наставата ќе бидат применети следните методи: предавања, дискусии во групи, набљудување, учење насочено кон решавање проблеми и практична настава во угостителски објект. Програмата ќе биде реализирана од професор и стручњак од областа на послужувањето. Програмата ќе биде подложна на внатрешна евалуација. Ќе бидат спроведени две анкети: една на почетокот и една на крајот од програмата. Анкетите ќе бидат спроведени во форма на писмени прашалници а на крајот ќе биде изготвен финален извештај од резултатите на анкетите. На крајот од завршената обука кандидатите кои ќе добијат долен праг од 60% според методите на оценување ќе добијат соодветен документ – СЕРТИФИКАТ за Угостител-Послужувач.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

По завршувањето на обуката за послужувач во угостителски објекти кадидатите треба да бидат оспособени да:

  • планираат, подготвуваат и ги изведуваат работите во шанкот и ресторанскиот дел за послужување
  • може самостојно да работи како послужувач
  • ја познава основната терминологија во послужувањето
  • оспособен да подготвува разни видови системи на послужување
  • самостојно ги подготвува и реализира разните начини на послужување
  • самостојно организира и реализира разни видови на ресторанско послужување
  • со помош на наставникот преку методот на оценување   може да ги согледа конкретните постигнувања на учесниците

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Оваа програма е наменета за лица кои имаат теоретски и практични предзнаења, професионално и приватно стекнати, лица со завршено средно и високо образование, лица кои пројавуваат интерес кон  послужувањето, исто така и лица кои се вклучени во формалното знаење.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

48

Пракса

132

Оценување

20

Вкупен број на часови

200

По завршувањето на обуката за послужувач во угостителски објекти кадидатите треба да бидат оспособени да:

  • планираат, подготвуваат и ги изведуваат работите во шанкот и ресторанскиот дел за послужување
  • може самостојно да работи како послужувач
  • ја познава основната терминологија во послужувањето
  • оспособен да подготвува разни видови системи на послужување
  • самостојно ги подготвува и реализира разните начини на послужување
  • самостојно организира и реализира разни видови на ресторанско послужување
  • со помош на наставникот преку методот на оценување   може да ги согледа конкретните постигнувања на учесниците

Датум на верификација

12/04/2019

Штип

Шминкер

Ракувач со ЦНЦ машина

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content