Стратегиски евент менаџмент и одржливи брендови

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програма за „Менаџирање со настани и одржливи брендови” е специјално дизајнирана програма, наменета за доедукација на професионалци кои работат во областа на маркетинг и менаџментот со настани. Истата е развиена во склад со потребите на дополнително знаење за маркетингот и трендовите во менаџментот со настани, нудејќи им на учесниците иновативни можности за учење и стекнување нови вештини, вклучувајки го нивното професионално искуство.

Содржината на програмата е креирана според спроведените анализи и тоа:

  • Анализа на потребите и предизвиците на маркетинг и менаџерите на настани
  • Преглед на најновите и ефикасни програми за обука низ светот
  • Проверка на европските стандарди за маркетинг и менаџмент на настани.

Обуката е организирана во шест модула.

Сите шест модула се фокусираат (овозможуваат) развој на нови вештини во областа на маркетинг и менаџментот на настани, кои се од суштинско значење за управувањето настани, кои со оглед на динамиката на маркетингот како дел од економијата, ќе им помогнат на професионалците да формираат одржливи брендови:

Модули:

  1. Менаџирање со настани,
  2. Концепти и дизајн на настани,
  3. Контрола и перформанса на насѕаните,
  4. Одржливи брендови,
  5. Интелигентно лидерство на настани,
  6. Предизвици и трендовиво маркетинг индустријата.

Обуката вклучува теоретски и практични часови преку кои учесниците ќе се стекнат со знаење и вештини од областа на Менаџирање со настани и одржливи брендови

Времетраењето на Програмата е 180часови.

Секој модул ќе биде реализиран со комбинирано учење, комбинација на е-учење и учење во училница, со пристап насочен кон учесникот. Програмата е развиена врз основа на принципите на обуката за возрасни, со користење на методи и техники кои помагаат за развој на нови знаења и вештини.

Динамиката на секој модул се состои од три дела:

  • Пред обуката – учесниците ќе се подготват за темата преку е-учење (видеа, презентации и читање);
  • Главен дел – во училница, во текот на еден викенд, каде што учесниците ќе се вклучат со обучувачот и нивните врсници во работилница со различни интерактивни методи на обука;
  • Пост-обуката – учесниците ќе ги применат своите нови знаења и вештини со е-учење (индивидуални задачи и форуми).

Резултатите на постигнувањата на учесниците ќе бидат по завршувањето на секој модул, како и на крајот од процесот на обука и ќе се базираат на јасни поставени критериуми, кои гарантираат дека учесниците ќе ги стекнат потребните способности. Оценувањето за секој модул ќе се спроведе со комбинација на пишан, усен и практичен дел.

Клучно во обуката е активно учество во обуката на сите учесници.

Процесот на обука ќе биде адаптиран согласно специфичните потреби на секој уесник.

Со успешно завршување на Програмата учесниците ќе се стекнат со сертификат за успешно завршена Програма за менаџирање со настани и одржливи брендови

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

По завршување на програмата, секој учесник ќе биде способен да: планира, координира, организира, контролира, води и дизајнира настани според најновите трендови и да формира одржлив бренд.

 

Со успешно завршување на Програмата учесниците ќе се стекнат со сертификат за успешно завршена Програма за менаџирање со настани и одржливи брендови. Сертификатот ќе биде препознаен на пазарот на труд од компаниите или јавните институции, со примена новостекнатите вештини во областа на економските науки и маркетинг воопшто. По успешното завршување на Програмата сертифицираните учесници ќе може да се вработат во некоја од тие компании или институции, добијат раководна позиција или бидат унапредени на истата.

 

По успешното завршување на Програма за менаџирање со настани и одржливи брендови, учесниците ќе бидат способни да:

  • прават проценка на можни предизвици во деловното работење,
  • креираат бизнис и маркетинг стратегии согласно добиените анализи,
  • придонесат за поголема конкурентност на организацијата,
  • стратегиски да управуваат со настани,
  • планираат, спроведуваат, контролираат, следат, проценуваат, планираат и дизајнираат настани според најновите светски трендови,
  • користат техники за да ја зголемат одржливоста на својот бренд,
  • прават анализа и проценка на комплексни маркетинг предизвици и развиваат ефективна маркетинг стратегија,
  • препознаваат стил на однесување кај себе и другите користејќи го моделот на Global DISC,

разберат моќта на перцепцијата и да ја користат како способност да ја разгледаат истата ситуација од различни перспективи, што би придонело за донесување подобри одлуки.

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Во Програмата може да земат учество учесници кои ќе се пријават на отворениот повик. Учесниците да имаат знаење во следните области: маркетинг, менаџмент, односи со јавност (ПР) или економија, да имаат работно искуство во маркетинг или организирање на настани и да покажуваат интерес за учество и желба да се стекнат со сертификат за менаџирање со настани и одржливи брендови.

 

Учесниците мора да имаат следниве особености:

  • образование пожелно во следните области: маркетинг, менаџмент, односи со јавност (ПР) или економија,
  • минимум 2 годишно работно искуство во маркетинг или организирање на настани,
  • одлично познавање и говорење на англиски јазик,
  • способност за учење и спремност за развивање на своите персонални и деловни способности,
  • учесникот треба да биде отворена, комуникативна, креативна и динамична личност.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

54

Пракса

108

Оценување

18

Вкупен број на часови

180

По завршување на програмата, секој учесник ќе биде способен да: планира, координира, организира, контролира, води и дизајнира настани според најновите трендови и да формира одржлив бренд.

 

Со успешно завршување на Програмата учесниците ќе се стекнат со сертификат за успешно завршена Програма за менаџирање со настани и одржливи брендови. Сертификатот ќе биде препознаен на пазарот на труд од компаниите или јавните институции, со примена новостекнатите вештини во областа на економските науки и маркетинг воопшто. По успешното завршување на Програмата сертифицираните учесници ќе може да се вработат во некоја од тие компании или институции, добијат раководна позиција или бидат унапредени на истата.

 

По успешното завршување на Програма за менаџирање со настани и одржливи брендови, учесниците ќе бидат способни да:

  • прават проценка на можни предизвици во деловното работење,
  • креираат бизнис и маркетинг стратегии согласно добиените анализи,
  • придонесат за поголема конкурентност на организацијата,
  • стратегиски да управуваат со настани,
  • планираат, спроведуваат, контролираат, следат, проценуваат, планираат и дизајнираат настани според најновите светски трендови,
  • користат техники за да ја зголемат одржливоста на својот бренд,
  • прават анализа и проценка на комплексни маркетинг предизвици и развиваат ефективна маркетинг стратегија,
  • препознаваат стил на однесување кај себе и другите користејќи го моделот на Global DISC,

разберат моќта на перцепцијата и да ја користат како способност да ја разгледаат истата ситуација од различни перспективи, што би придонело за донесување подобри одлуки.

Датум на верификација

19/09/2019

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content