Спроведувач на системи за управување со енергија

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главните цели на програмата за учесниците по завршувањето на програмата е да се стекнат со знаења и вештини и да бидат оспособени да спроведуваат систем за управување со енергија (СУЕ) во согласност со ISO 50001:2018, развиваат и следат модели на потрошувачка на енергија и енергетските перформанси на организацијата, работат самостојно, координираат, надгледуваат и управуваат со тимови одговорни за спроведување, одржување, следење и континуирано подобрување на СУЕ и енергетските перформанси и ги следат и почитуваат законските прописи за безбедност и здравје при работа и заштитата на животната средина.

Програмата се базира на УНИДО програмата за СУЕ и е базирана на стандардот ИСО 50001:2018.

Програмата почнува со 5 дневна обука по 8 часа од 45 минути со модулите за посветеност и контекст на организацијата како и модулот за планирање. По завршувањето на обуката по еден месец има webinar каде што со секоја група на учесници се проверуваат работите што треба да се направат за првите два модули.

Еден месец од првиот webinar ќе се организира обука со траење од 4 дена каде се обработуваат модулите на имплементација и проверка на СУЕ. По завршувањето на обуката по еден месец има webinar каде што со секоја група на учесници се проверуваат работите што треба да се направат за третиот и четвртиот модул.

Еден месец од вториот webinar ќе се организира завршен испит. Со тоа временската рамка за оваа програма е со времетраење од 5 месеци.

Обуката се одвива во училница опремена со видео бим, флип чарт и Wi-Fi а секој учесник треба да носи преносен компјутер . Програмата се реализира преку теоретска и практична настава со користење на УНИДО СУЕ алатката. Времетраење на програмата е 87 часа: 42 часа се посветени на теоретска настава, 45 часа се практична обука.

Оценувањето и вреднувањето на постигнатиот успех на учесникот при неговото следење на програмата се спроведува преку проверка на знаење (писмено и практично).

На крајот од обуката се спроведува завршен испит – кој исто така има писмен и практичен дел и преку него се проверува комплетно стекнатото знаење и вештина на кандидатот.

Секој учесник што ќе ги исполни сите барањата во текот на обуката и ќе го положи успешно завршниот испит ќе се стекне со сертификат за спроведувач на СУЕ.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршени студии по: електротехника; машинство; информатички науки и компјутерско инженерство; технологија и металургија; мехатроника; заштита на животна средина

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

42

Пракса

58

Оценување

0

Вкупен број на часови

100

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content