СЛУЖБЕНИК ВО СМЕТКОВОДСТВО

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата за обуката за службеник во сметководство е наменета за секое лице кое сака да се стекне со знаења поврзани со: правната рамка која го регулира трговското право, основите на администрирањето на бизнисот, даночната легислатива на Р. С. Македонија, изготвување на сметководствените документи кои се резултат на деловните процеси врзани со трговијата на мало и големо, понапредни сметководствени операции поврзани со евиденција на настаните во системот на финансиското сметководство, составувањето на основните даночни извештаи под надзор на Управата за јавни приходи како и операциите поврзани со составувањето на задолжителните годишни финансиски извештаи пропишани со Законот за трговски друштва, а кои се поднесуваат до Централниот регистар. Обуката опфаќа теоретски, практичен дел како и часови за проверка на знаењето. Теоретскиот дел се базира на тематски целини со кои учесникот на обуката се стекнува со потребните теоретски знаења кои се темел за понатамошната практична работа. Теоретските предавања ќе се одржуваат делумно на табла, делумно со помош на power point презентации. За поткрепа на теоретскиот дел од настава секој учесник ќе добие прирачник, публикуван под посебен CIP и ISBN број согласно Каталогизацијата на НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје а напишан од предавачите така што ќе одговара на уникатните потреби на програмата. Практичниот дел од програмата се фокусира на работа на сметководствен софтвер каде слушателите на обуката, освен тоа што ќе се стекнат со чувство за практична работа, ќе развијат и логика за начинот на кој книговодствените и сметководствените процеси може да се автоматизираат заради остварување на оптимализација на процесите поврзани со работните активности во овој домен и зголемување на ефикасноста при еднакво ниво на ефективност во работата. Обуката ќе ја одржуваат врвни практичари од областа со повеќегодишно искуство и tektraакадемска позадина во конкретната област. Евиденцијата ќе се одвива врз основа на копии од оригинални документи. Слушателите во рамките на практичната настава ќе имаат можност да учествуваат и во секојдневните операции во рамките на нашиот сервис за деловни услуги и од прва рака да ги увидат операциите и активностите во едно сметководствено биро. Конкретно, дел од можностите за стекнување на знаења кои ги нуди програмате се: регулирање на сметководствената професија во Македонија, сметководствените аспекти во ЗТД, деловни субјекти обврзани да водат двојно или просто сметководство според ЗТД, првични согледувања околу даночните политики во Македонија, осврт на ДЛД и данокот на добивка, системот на ДДВ – почетни разгледувања, пресметани и пропишани стапки, пропишан изглед на фактура или фискална с-ка за целите на ДДВ, сметководство – основни термини и принципи, терминологија, сметковен план, почетни книжења на основачки влог, основни и обртни средства, книговодствени документи во трговијата на мало: задолжување на малопродажен објект, книжења на благајна и трансакциска сметка, одобрување на малопродажен објект за вредност на продадена залиха, книжења на купопродажни трансакции при трговија на големо, калкулација и евиденција при увоз на добра, евиденција на трошоци, амортизација, концептуална сметководствена разлика помеѓу трошоците и расходите, пресметка и книжење на плати, начин на пресметка на бруто-плата, сметководствена евиденција при безготовинско подмирување на обврските: компензација и цесија, утврдување на резултатот од работењето за деловната година (периодично „затворање“ на трошочните, расходните и приходните конта), составување на даночни биланси и завршни с-ки, план врз основа на анализа на податоци итн. За реализација на програмата се предвидени 160 часа, од кои 54 за теорија и 106 за пракса. По успешно завршување на обуката слушателите се стекнуваат со сертификат за успешно завршена обука „Службеник во сметководство“.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Доказ за минимум завршено четиригодишно средно образование

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

54

Пракса

106

Оценување

0

Вкупен број на часови

160

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content