Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и способности од областа на работењето во хотелските објекти, техниката на работење на приемното одделение во објектите за сместување – рецепциската служба во сместувачките објекти и да се оспособат за нејзина практична примена.
Начинот на реализација на програмата е преку теоретска и практична обука.
Времетраењето на програмата за реализација на програмата е 225 часа од кои 70 часа се стручна теорија, 140 часа се практична обука во реални работни услови и 15 часа се наменети за оценување.
Вреднувањето на постигнувањето на учесникот се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на стекнатото знаење, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесникот се стекнува со сертификат Рецепциски службеник.