Ракувач со градежна механизација за земјена површинска експлоатација

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата овозможува работно оспособување за Ракувач со градежна механизација за земјена површинска експлоатација и истата е со тримесечно времетраење, односно 300 часа и опфаќа  стручно теоретски содржини кои се  во функција на практичната обука,  која  пак се изведува на плато и терен во реални услови. По успешното завршување на програмата учесникот ќе  се оспособи да ја планира и  организира работата со градежната механизација според инструкциите на претпоставениот, рационално користи машини, уреди,  средства за работа, енергија, материјал и време,  подготвува и проверува исправност на алати, уреди и механизација  за работа, идентификува опасности и презема мерки за стабилност на теренот, изведува земјени работи во различни изведбени постапки според проектот и инструкциите, ракува и управува со градежна механизација за земјени работи на терен; изведува ископ, депонира ископан материјал, рамни, набива, распостелува, меша, набива, товара, чисти снег, користи техничките упатства за ракување, пополнува пропишана документација, гарантира за квалитетот на извршените работи и одговара за нив.

Се грижи за безбедноста при работа, здравјето и заштитата на работната околина,  комуницира со соработниците, познава права од работен однос, можности за отварање и водење на мал бизнис.

По завршувањето учесникот полага завршен испит со што по успешното завршување се стекнува со Сертификат за Ракувач со градежна механизација за земјена површинска експлоатација.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

Учесникот  по успешното завршување на програмата работно ќе се оспособи за занимањето ракувач со градежна механизација за земјена површинска експлоатација,

  • управува со механизација со различен погон,
  • применува соодветен алат, опрема и средства,

изведува искпоп, изведува косина, рамни,  расчистува, изведува и ревитализира одводни канали, одржува патишта, набива подлога, чисти одрон, снег, превентивно ја одржува механизацијата, учествува во негово корективно одржување и сервисирање, воочува најчести дефекти, согледува причини за појава на истите, применува правила и прописи за квалитет и сигурност при работата и се грижи за личното здеравје и здравјето на луѓето и животната средина. По успешното завршување учесникот  може самостојно да ги извршува работите и работните задачи ракувач со градежна механизација за земјена површинска експлоатација.

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено средно образование и над 17 годишна возраст

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

60

Пракса

210

Оценување

30

Вкупен број на часови

300
Учесникот  по успешното завршување на програмата работно ќе се оспособи за занимањето ракувач со градежна механизација за земјена површинска експлоатација,

  • управува со механизација со различен погон,
  • применува соодветен алат, опрема и средства,

изведува искпоп, изведува косина, рамни,  расчистува, изведува и ревитализира одводни канали, одржува патишта, набива подлога, чисти одрон, снег, превентивно ја одржува механизацијата, учествува во негово корективно одржување и сервисирање, воочува најчести дефекти, согледува причини за појава на истите, применува правила и прописи за квалитет и сигурност при работата и се грижи за личното здеравје и здравјето на луѓето и животната средина. По успешното завршување учесникот  може самостојно да ги извршува работите и работните задачи ракувач со градежна механизација за земјена површинска експлоатација.

Датум на верификација

12/04/2019

Тетово

ФРИЗЕР

ЗАВАРУВАЧ

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content