Програмата за обуката вклучува теоретски и практични часови, како и часови за приправничко стажирање преку кои учесниците ќе се стекнат со знаења, вештини и ставови потребни за оспособување да работат како професионални поставувачи на рекреативно-планинарски патеки – маркацисти.
Програмата трае вкупно 112 часови од кои 30 часа теорија, 67 часа практична обука и стажирање (25+42) и 15 часа оценување. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведуваат во текот на една недела. Теоретската обука ќе се одвива во простории обезбедени од ФПСМ, под водство на искусни предавачи, а практичната обука ќе се изведува на планинските терени во близина на просториите за теоретска обука. Вреднувањето на постигнувањата ќе се спроведува преку теоретска и практична проверка на учесниците преку планинарска приемна тура, писмена и практична проверка , две испитни семинарски задачи и приправничко стажирање .
Приправничкиот стаж ќе се изведува во утврдени датуми во договор со учесниците, на планинските терени на целата држава. По успешно реализиран приправнички стаж, учесниците се стекнуваат со сертификат „Поставувач на рекреативно-планинарски патеки – маркацист “. |
Верификацијата истекува во мај 20, 2024