Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники за поправка на подлогата за поплочување, нанесување нова подлога и поплочување на подови и ѕидови и други елементи со керамички плочки, како и правилоно користење на опремата и алатот за работа.
Времетраењето на програмата е 250 часа од кои 50 часа теоретска обука, 185 часа се практична обука во соодветна работилница и 15 часа се наменети за оценување. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците, а практичниот дел ќе се изведува од понеделник до петок. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во училиштето и неа ја изведува наставник, а практичната обука се спроведува во училишна работилница и градежен објект, под менторство на наставник и специјалист (инструктор) за плочкарски работи.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење за теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверат стекнатите вештини и компетенции. По успешно завршување на програмата учесниците се стекнуваат со сертификат „Плочкар за керамички плочки“.