Педагошки помошник за ученици во основно образование

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата Педагошки помошник за ученици  во основно образование, има за цел оспособување на кандидати за успешна работа со ученици од основно образование кои покажуваат понизок успех во учењето во насока на пружање помош за запишување на ученици во основно образование и во поучување на ученици во основно образование за совладување на училишното градиво. Преку темите предвидени за оваа програма, кандидатот се оспособува за организирање на сопствената работа, за пружање на помош на учениците за совладување на училишното градиво преку правилен и целисходно избрана стратегија на поучување и стилови на учење, во зависност од можностите на ученикот. Кандидатот се стекнува со способности за јакнење на самодовербата на учениците и мотивирање на ученикот и родител/старател за напредување во образованието. Воедно, кандидатот ќе биде обучен да остварува позитивна комуникација со родителите/старателите и со училиштето со што ќе допринесе за подобра соработка на релацијата училиште – родител/старател. Кандидатот ќе биде оспособен за евидентирање и документирање на напредокот на ученикот.

Програмата содржи  вкупно  190 часови теорија 110 часа, пракса 60 часа и оценување 20 часа предвидено е да се реализира за време од 3 месеци.

Програмата вклучува часови за теорија и за практична обука на кандидатите. За секој кандидат се води портфолио за личен напредок во обуката. Оценувањето на стекнатите знаења и вештини на кандидатите ќе се изведува за време на обуката, после секоја тема и на крај од програмата како завршен испит. Кандидатите кои успешно ќе го положат завршниот испит ќе се стекнат со сертификат за Педагошки помошник за ученици во основно образование.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

По завршувањето на програмата учесникот ќе биде способен да:

  • Поучува ученици во основното образование, во однос на изработка на домашна задача и совладување на наставните содржини по наставни предмети за кои ученикот има потреба од помош
  • Оспособува ученици за индивидуална работа и работа во тим
  • Мотивира учениците за проширување на своите знаења и вклучување во наставни и воннаставни активности
  • Соработува со родителите, училиштето и локалната заедница
  • Помага во подготвителни активности за упис во основно образование на учениците
  • Придонесува кон градење на позитивен однос на учениците кон образованието и ги подобрува нивните социјални вештини

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесникот во програмата треба да:

  •  има завршено најмалку средно четиригодишно образование,
  • познава работа со компјутер и
  • е постар од 18 години.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

110

Пракса

60

Оценување

20

Вкупен број на часови

190

По завршувањето на програмата учесникот ќе биде способен да:

  • Поучува ученици во основното образование, во однос на изработка на домашна задача и совладување на наставните содржини по наставни предмети за кои ученикот има потреба од помош
  • Оспособува ученици за индивидуална работа и работа во тим
  • Мотивира учениците за проширување на своите знаења и вклучување во наставни и воннаставни активности
  • Соработува со родителите, училиштето и локалната заедница
  • Помага во подготвителни активности за упис во основно образование на учениците
  • Придонесува кон градење на позитивен однос на учениците кон образованието и ги подобрува нивните социјални вештини

Датум на верификација

31/07/2019

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content