Оператор со горива

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главната цел на програмата е организирано образование, едукација, усовршување и оспособување на учесниците во програмата за самостојно, правилно и благовремено одлучување, постапување и квалитетно изведување на работните задачи на занимањето Оператор со горива.

Програмата за Оператор со горива е во времетраење од 3 месеци.

Програмата се состои од 170 часови, се реализира преку теоретски дел од 34 часови, практичен дел 123 часови и 13 часови за оценување и самоевалуација.

Теоретската настава се реализира во училница со современи наставни помагала при што учесниците во програмата се здобиваат со потребните знаења предвидени во содржината на тематските целини кои се составен дел од програмата.

Практичната настава се спроведува преку демонстрирање на употребата, како и практична примена на опремата, апаратите и материјалот што се потребни за извршување на работните задачи на операторот со горива, во уреден работилнички простор за таа цел, обуки за запознавање, управување, ракување и одржување на опремата и апаратите.

Оценувањето на добиените знаења и вештини на учесниците во програмата се реализира преку одржување на испит. Испитот се состои од теоретски и практичен дел.

Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од тематските целини кои се составен дел на програмата за обука.

Практичниот дел од испитот подразбира проверка на стекнатите знаења од ракување со опремата, апаратите и материјалот потребни за извршување на работните задачи на операторот со горива во уреден работилнички простор за таа цел.

Програма ја спроведува тим на искусни машински инженери, електротехнички инженери и инженер технолог.

По успешно спроведената програмата, лицата ќе се здобијат со сите потребни компетенции, вештини и знаења за извршување на работата Оператор со горива.

По успешно завршување на теоретска и практична настава, обуките и тестирањата, на учесниците ќе им се издаде сертификат за Оператор со горива.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесниците во програмата да имаат завршено најмалку основно образование.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

34

Пракса

123

Оценување

Вкупен број на часови

157

Датум на верификација

10/07/2020

Неготино

Ракувач на виљушкар

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content