ОПЕРАТОР ЗА ГРАФИЧКИ И ВЕБ ДИЗАЈН

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења и вештини од областа на графичкиот и веб дизајн.

Учесниците на оваа програма ќе се оспособат за самостојно користење на програмите за графички и веб дизајн. Ќе научат да изработуваат графички решенија за визит, карти, логоа,меморандуми, постери, флаери и друг рекламен материјал во печатена форма или во дигитална форма за социјалните мрежи. Ќе се оспособат да одржуваат веб страни: да додаваат, менуваат и бришат содржини, да додаваат и менуваат банери, да го менуваат изгледот на постоечката веб страна со цел да ја направат попрегледна и поатрактивна.

Програмата се реализира преку теоретска и практична настава при што акцентот е ставен на практичната обука.

Целата обука е конципирана како една сеопфатна практична работа во која учесниците освен што ќе се здобијат со теоретски знаења од областа на графичкиот и веб дизајн, практично ќе изработат голем број на графички решенија.

Времетраење на програмата е 140 часа: 64 часа се посветени на теоретска настава, 64 часа се практична обука, а 12 часа се посветени на оценување.

Целокупната обука (теоретската и практичната) ќе се одвива во компјутерска училница, која ќе биде опремена со компјутери и соодветни програми кои се потребни за следење на наставата.
Ќе се изработат голем број практични вежби осмислени за потребите на програмата.
Учесниците, цело време ќе работат практично.

Оценувањето и вреднувањето на постигнатиот успех на учесникот при неговото следење на програмата се спроведува преку проверка на знаење – усмено и писмено (на теоретскиот дел) и тестови со практични вежби кои се изработуваат директно на компјутер (на практичниот дел).

На крајот од обуката се спроведува завршен испит – кој исто така има теоретски и практичен дел и преку него се проверува комплетно стекнатото знаење и вештина на кандидатот.

По завршувања на програмата и положениот завршен испит, учесниците се стекнуваат со сертификат „ОПЕРАТОР ЗА ГРАФИЧКИ И ВЕБ ДИЗАЈН“.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

По успешно завршување на програмата учесникот е оспособен да:

 

– Самостојно  изработува графички решенија за визит карти со примена на Adobe Illustrator

– Изработува графички решенија за лого и  меморандум со примена на Adobe Illustrator

– Изработува рекламен материјал (флаери, постери, билбоарди…) со примена на Adobe Illustrator

– Изработува рекламен материјал во дигитална форма за социјалните мрежи

– Ги користи програмите за  веб дизајн

– Да додава, менува и брише содржина на постоечка веб страна

– Да поставува банери на постоечка веб страна

– Да го уредува (менува) изгледот на постоечка веб страна со цел да биде попрегледна, поатрактивна и поажурна

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

 – Завршено средно образование

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

64

Пракса

64

Оценување

12

Вкупен број на часови

140

По успешно завршување на програмата учесникот е оспособен да:

 

– Самостојно  изработува графички решенија за визит карти со примена на Adobe Illustrator

– Изработува графички решенија за лого и  меморандум со примена на Adobe Illustrator

– Изработува рекламен материјал (флаери, постери, билбоарди…) со примена на Adobe Illustrator

– Изработува рекламен материјал во дигитална форма за социјалните мрежи

– Ги користи програмите за  веб дизајн

– Да додава, менува и брише содржина на постоечка веб страна

– Да поставува банери на постоечка веб страна

– Да го уредува (менува) изгледот на постоечка веб страна со цел да биде попрегледна, поатрактивна и поажурна

Датум на верификација

31/07/2019

Куманово

ПРOГРАМЕР ВО JAVA

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content