НЕГУВАТЕЛ/КА ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТИ

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата за обука за оваа одговорна и многу хумана работа е со тримесечно времетраење, односно 250 часа т.е. 10 кредити, и опфаќа стручно теоретски содржини во времетраење од 86 часа кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак е со времетраење од 164 часа и се изведува установи за дневен престој на лица со попреченост, или институции за сместување на лица со попреченост.
Учесникот во програмата ќе се оспособи да ја планира, подготвува и организира сопствената работа самостојно и/или под надзор на стручно лице во институции/установи.
Учесникот ќе се oспособи да овозможува асистенција при обавување на животните активности; движење, користење на ортопедски помагала, користење одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена, менување на облека и сл. .
Учесникот ќе се оспособи за работа во тим, да подготвува и води дневник за работа да е проактивен во обезбедувањето на услугата, да се грижи за квалитетот на извршената работа, да комуницира со родителите – стрателите на корисникот на услугата и да се грижи за безбедноста и здравјето при работа и заштитва на животната околина.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

• завршено основно образование
• најмалку 18 годишна возраст

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

86

Пракса

164

Оценување

Вкупен број на часови

250

Датум на верификација

23/07/2020

-

Битола

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content