Монтажер и сервисер на соларни термални и фотонапонски системи

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

 

 

Главна  цел  на  програмата   е  кандидатот се обучи за монтажа, но и за одржување на соларни системи кој истиот ги монтирал или некој друг. Самата програма е изработена според барањата на фирмите од овој сектор. Тие беа директно вклучени во нејзино креирање. Во програмате се опфатени и воздушните и хибридните колектори како новина во овој сектор. Истата ќе овозможи монтажерот да добие доволно практично и теоретско знање за најновата соларна техника. Програмата се состои од неколку области :

1.   Основи  на  електротехника и електротехнички  материјали.

2.  Соларни термални и фотонапонски системи.

3.     Техники на монтажа и заштита при работа.

4.     Избор, монтажа и одржување на соларни термални системи

5.     Избор, монтажа и одржување на фотонапонски системи.

По  завршувањето   на обуката  следи  полагање на завршен испит преку кој ќе се проверат стекнатите вештини. Доколку кандидатот успешно го положил завршниот испит, тој ќе добие сертификат „Монтажер и сервисер на соларни термални и фотонапонски системи“. Кандидатот, во иднина, може да дополнително да полага и испит за “лиценциран монтажер” пред комисија од министерство за Економија на РМ.

Времетраењето  на програмата  е 280 часа.

За теоретска обука се планирани 84, а 168 часа се практична обука  во реални  работни  услови. Остатокот од 28 часа  се наменети  за оценување.  Теоретската  обука  ќе се реализира  во училница, а практичната  обука се одвива  преку вежби и задачи на терен или во простории наменети за реализација на обуката.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

 

Кандидатот по успешното завршување на програмата е оспособен да:
-применува основни законитости на електротехниката, термодинамиката и термотехниката;
-опишува термални соларни системи, термални колектори за топла вода и воздушни колектори;
-опишува фoтонапонски соларни системи, фотонапонски панели и хибридни колектори.
-пушта во работа, тестира исправност на елементи и врши редовен сервис кај термални соларни системи;
-пушта во работа, тестира исправност на елементи и врши редовен сервис кај фотонапонски системи.
-изведува работи согласно процедури и технолошки постапки
-применува ХТЗ заштита и заштита на околината.

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

 

Минимум завршено средно образование и возраст од најмалку 18 години

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

84

Пракса

168

Оценување

60

Вкупен број на часови

10

 

Кандидатот по успешното завршување на програмата е оспособен да:
-применува основни законитости на електротехниката, термодинамиката и термотехниката;
-опишува термални соларни системи, термални колектори за топла вода и воздушни колектори;
-опишува фoтонапонски соларни системи, фотонапонски панели и хибридни колектори.
-пушта во работа, тестира исправност на елементи и врши редовен сервис кај термални соларни системи;
-пушта во работа, тестира исправност на елементи и врши редовен сервис кај фотонапонски системи.
-изведува работи согласно процедури и технолошки постапки
-применува ХТЗ заштита и заштита на околината.

Датум на верификација

10/12/2018

Штип

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content