МЕХАНИЧАР ЗА РУДАРСКА МЕХАНИЗАЦИЈА И ОПРЕМА

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програма Механичар за рударска механизација и опрема се темели на стандардите за занимањето и описот на работното место кои се постигнуваат преку обука со стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука, која пак се изведува во работилница, на плато и рударска јама. Програмата е со времетраење од 320 часа од кои 55 часа се со стручно теоретски содржини и 265 практична од кои 20 часови за оценување на постигнување на целите од програмата. Програмата ќе ја реализираат искусни стручни лица со искуство со рударска, машинска, електро насока и заштита и безбедност при работа со акцент на работа во рудник. Во програмата се разработени десет тематски целини -модули: 1. Планирање, организирање, подготовка и заштита на работно место, 2. Работа со основен, помошен, мерен и контролен алат; 3.Технологија на одржување, 4.Мотори со внатрешно согорување, 5.Рударски машини, опрема за подземен и површински ископ и транспорт, 6. Практична работа демонтажа и монтажа на елементи од моторите, 7. Одржување на рударската опрема и механизација. 8. Администрација и евиденција на квалитетот на работата, 9. Комуникација, права од работен однос, работна етика и морал, 10. Заштита при работа, здравјето и околината, Во текот на обуката се врши проверка на постигнатоста на целите од зацртаните модули и модуларни единици. По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит пред трочлена комисија и по успешно завршување на испитот се стекнува со сертификат МЕХАНИЧАР ЗА РУДАРСКА МЕХАНИЗАЦИЈА И ОПРЕМА.

Верификацијата истекува во септември 5, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

– Завршено најмалку средно образование со ниво на квалификации според македонската рамка за кфалификации
– Да се на возраст над 18 години

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

55

Пракса

265

Оценување

Вкупен број на часови

320

Датум на верификација

05/09/2022

македонска каменица

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content