Мајстор за поправки и сервис во станбен и деловен објект – хаусмајстор

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна  цел  на програмата   е  кандидатот да се обучи за поправки (сервис) кај апарати:  бојлери, електрични греалки, акумулациони печки, шпорети, осветлување и електрична инсталација во домот.

Од браварските сервиси, кандидатот ќе се обучи за поправки на брави, ментешиња и услуги со рачно-електролачно заварување. Самата програма е изработена според најчестите барања за поправки (сервис) од граѓаните и правните субјекти. Програмата се состои од неколку области:

  1. Основи на  електротехника и електротехнички  материјали.
  2. Заштита при работа.
  3. Електротехнички алати и уреди.
  4. Браварски алати и уреди.
  5. Сервис на бојлери, ел. греалки, термоакумулациони печки, шпорети, осветлување и ел. инсталација
  6. Сервис на брави, метешиња и услуги со рачно-електролачно заварување.

По завршувањето на обуката кандидатот полага завршен испит, за проверка на знаењето. Доколку тој го положи завршниот испит, ќе добие сертификат Мајстор за поправки и сервис во станбен и деловен објект – хаусмајстор.

Времетраењето на програмата е 280 часа.

За теоретска обука се планирани 84, а 168 часа се практична обука во реални работни услови. Остатокот од 28 часа  се наменети  за оценување. Теоретската обука ќе се реализира во училница, а практичната обука се одвива преку вежби и задачи на терен или во простории наменети за реализација на обуката.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

Кандидатот по успешното завршување на програмата е оспособен да:

– Применува основни законитости на електротехниката, термодинамиката и термотехниката;

– Опишува елементи на ниско/високо монтажни бојлери, надворешни и внатрешни бојлери, смарт бојлери;

– Опишува електрични греалки, термоакумулациони печки и нивниот принцип на работа.

– Врши поправки кај електрични шпорети и електрична инсталација во станбени и деловни објекти.

– Поправа и заменува врати, прозорци, ракува со рачна дупчалка и рачна брусалица.

– Заварува метални профили со рачно-електролачен апарат.

-Применува ХТЗ заштита и работи по протокол – кратки напишани правила и проверки за секој сервис

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

За влез во програмата е потребно кандидатот да да има завршено најмалку средно образование.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

84

Пракса

168

Оценување

28

Вкупен број на часови

280

Кандидатот по успешното завршување на програмата е оспособен да:

– Применува основни законитости на електротехниката, термодинамиката и термотехниката;

– Опишува елементи на ниско/високо монтажни бојлери, надворешни и внатрешни бојлери, смарт бојлери;

– Опишува електрични греалки, термоакумулациони печки и нивниот принцип на работа.

– Врши поправки кај електрични шпорети и електрична инсталација во станбени и деловни објекти.

– Поправа и заменува врати, прозорци, ракува со рачна дупчалка и рачна брусалица.

– Заварува метални профили со рачно-електролачен апарат.

-Применува ХТЗ заштита и работи по протокол – кратки напишани правила и проверки за секој сервис

Датум на верификација

16/10/2019

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content