Козметичар за нега на лице и тело

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења и вештини, компетенции за примена на основните техники во козметиката за нега на лице и тело, како и правилно користење на козметичките средства за работа, опремата, препарати и инвентар.

Начинот на реализација на програмата е преку теоретска настава и практична обука, а преку усна и писмена проверка, практична изведба и изработено портфолио и заршен испит кои водат кон стекнување на сертификат за козметичар за нега на лице и тело.

Времетраењето на програмата е 200 часа од кои 55 часа се стручна теорија, 145 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценувањено. Програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците на програмата.

Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви во козметиката (Напреден курс и Специјализиран курс).

Верификацијата истекува во април 29, 2024

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Основно ниво на образование: основно образование и возраст од најмалку 15 години.

Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка/сектор).

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

55

Пракса

145

Оценување

0

Вкупен број на часови

200

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content